По вчерашниот отказ на Ерик тен Хаг од страна на Манчестер јунајтед, веќе почнаа шпекулациите за нов предводник на „црвените ѓаволи“. Според медиумите од Велика Британија прв фаворит е стратегот на Спортинг Лисабон Рубен Аморим.
Аморим има договор со тимот на Спортинг, но тоа нема да претставува проблем за тимот од предводен од Џим Ретклиф да го одврзе кесето. Јунајтед е подготвен да плати клаузула од 20 милиони евра на Спортинг, а на Аморим ќе му понуди седум милиони евра годишна плата, наспроти трите милиони кои во моментов ги заработува во Лисабон.
Покрај Аморим меѓу кандидатите за клупата на „црвените-ѓаволи“ се и: Чави, Греам Потер, Герет Саутгејт. Тимот во следниот период ќе го води Руд ван Нистелрој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА