„Фудбалерите на Реал Мадрид се виновни зошто Винисиус не ја доби Златната топка“

Престижната награда „Златна топка“ за 2024 година замина во рацете на Родри, фудбалерот на Манчестер Сити и шпанската репрезентација кој имаше преуспешна сезона и на клупско и на репрезентативно ниво.

Овогодинешната церемонија беше одбележана и со скандал откако во Париз не се појави ниту еден претставник на Реал Мадрид бидејќи наградата не заврши во рацете на главниот кандидат Винисиус Џуниор. Уредникот на „Франс фудбал“, Винсент Гарсија сега ја откри логичната причина.

„Евидентно е дека тоа се случи бидејќи меѓу првите пет најдобри се и Белингем и Карвахал. Фудбалерите на Реал Мадрид се виновни зошто Винисиус не ја доби Златната топка бидејќи математички тие му одземаа бодови. Истата причина беше и минатата сезона кога три или четири фудбалери од тој тим ги делеа гласовите. На крајот тоа му наштети на Винисиус, а профитираше Родри“, изјави Гарсија.

Се вчитува...