Престижната награда „Златна топка“ заврши во рацете на фудбалерот на Манчестер Сити и член на шпанската репрезентација Родри што наиде на големо незадоволство кај фановите на Реал Мадрид бидејќи главен фаворит за освојување на наградата беше Винисиус Џуниор.
Во светот на фудбалот се води голема дебата дали изборот е праведен, но судејќи по трите главни критериуми може да се заклучи дека Бразилецот и со право се најде на листата зад Родри.
Имено, првиот критериум се темели на индивидуалниот учинок, вториот на тимските достигнувања и остварувања, а третиот кој во овој случај беше и најважен, господското однесување и фер-плеј игра.
На Винисиус често му се замерува за однесувањето кон противничките играчи и публика. Тој е често театрален и провокатор, а тешко трпи кога ќе му вратат со иста мера. На социјалните мрежи се појави видео кое ги покажува некои од неговите валкани потези, односно недоличното однесување кое за најголемиот дел од неутралните навивачи им е многу и иритантно.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) October 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА