Јошко Гвардиол го импресираше раководството на Манчестер Сити со одличните настапи и наскоро ќе добие нов договор кој воедно ќе му донесе и зголемување на плата, пренесуваат англиските медиуми.
Дваесетитригодишникот сега заработува 132 илјади евра неделно, односно 6.8 милиони евра на годишно ниво, а со новиот договор кој воедно ќе биде до 2030 година ќе добие неделна плата од 180 илјади евра или 9.3 милиони евра годишно.
Со тоа тој ќе стане и убедливо најплатниот Хрват во Европа со речиси двојно поглема заработка од клупскиот колега Матео Ковачиќ (99 илјади евра неделно), како и Лука Модриќ (90 илјади евра неделно), но не и Марсело Борзовиќ чија плата во саудискиот Ал Наср изнесува 456 илјади евра неделно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА