Синер се откажа од мастерсот во Париз

Светскиот тенисер број 1 Јаник Синер, се повлече од мастерс турнирот во Париз поради вирус.

Во второто коло во француската престолнина, Италијанецот требаше да се сретне со победникот од мечот Шелтон – Муте, но не успеа навреме да се излечи за да настапува на турнирот.

„Дојдов рано да се подготвам, но ситуацијата е лоша. Во моментов имам вирус кој ќе исчезне во следните 2-3 дена, но не сум подготвен да се натпреварувам во моментов“, рече Синер.

Алкараз сега е главен фаворит за освојување на овој турнир, а Синер ќе биде заменет со светскиот рекет број 85 Артур Казо.

Мастерсот во Париз се одржува од 28 октомври до 4 ноември. На турнирот ќе го нема и Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...