Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, жестоко го критикуваше Реал Мадрид по одлуката на клубот да не присуствува на церемонијата на „Франс Футбол“ за доделување на признанието „Златна топка“.
Реал Мадрид во последен момент го откажа чартер летот за Париз откако дозна дека Винисиус нема да го добие престижното признание. Овој потег на шпанскиот клуб наиде на голем број критики во светската фудбалска јавност.
„Една од најважните клупски вредности е да се биде џентлмен и да му се честита на противникот по некој пораз. Но, иако сум голем фан на Реал, може слободно да кажам дека Реал веќе одамна го загуби тој џентлменски менталитет. Со вакви потези Реал ја губи својата големина. Јасно е дека требаше да присуствуваат на церемонијата и да не го поткопуваат системот на ‘Франс Футбол’, кој е транспарентен и составен од гласање на стотина новинари. Ми се чини дека Реал сакаше да глуми некаква жртва во случајот, но претера со својата реакција. Не ми е јасно во која насока се движат“ – вели Тебас за шпанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА