Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше квалитетни 15 минути во дресот на Лајпциг во 1/16-финалето од Купот на Германија. Лајпциг триумфираше со 4-2 против Сент Паули и обезбеди место во осминафиналето во мечот во кој Елмас партиципираше со асистенција за последниот гол на домашните.
Претходно Лајпциг имаше 3-1 уште по првото полувреме со што беше јасно дека ќе ја однесе победата.
Елмас влезе во игра во 75. минута и веќе во 80. минута асистираше за Нуса за конечни 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА