Гвардиола: Златна топка? Па, за неа не одлучува елитата

Актуелна тема стана резултатот на изборот за Златна топка. Но, не се зборува ниту пишува кој го добил, кој е Родри, туку кој не, што е очекувано и најавувано со недели Винисиус. Неочекуваниот исход го предизвика гневот на Реал. Тоа што најпрестижната индивидуална фудбалска награда не ја освоија тие, туку играч на Манчестер Сити, беше причина никој од актуелниот шампион на Шпанија и Европа и најголемиот клуб во светот да не присуствува на гала вечерата во Париз каде се доделува наградата.

На Реал воопшто не му беше мило што на таа церемонија беше прогласен Карло Анчелоти за тренер на сезоната или што Килијан Мбапе требаше да го добие и подели трофејот Герд Милер со Хари Кејн за играчот кој постигна најмногу голови (52) минатата сезона.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола го коментираше за бојкотот на Реал на церемонијата и резултатот од изборот на Златната топка:

„Реал не дојде на церемонијата? Ако сакаат да дојдат, добро. Ако не сакаат, тоа е исто така во ред. Ако тие сакаат да му честитам на победникот, во ред, ако не, не мора, тоа е во ред и ние сме Манчестер Сити и не сме тука да им судиме на другите клубови или што ќе прават или не“, изјави Гвардиола. 

Тренерот на добитникот на Златната топка вака одговори на следното новинарско прашање:

„Дали Винисиус требаше да ја добие Златната топка? Можеби, но се случи тоа што се случи. Новинарите, а не елитните луѓе од фудбалот одлучуваат за наградата. И новинари од сите страни светот, кои имаат различни мислења“, додаде менаџерот на Сити. 

Се вчитува...