Ривер Плата не успеа да направи пресврт во реваншот од полуфиналето на Копа Либертадорес против Атлетико Минеиро. Натпреварот меѓу „Монументал“ во Буенос Аирес заврши 0:0 и по поразот со 0:3 во првиот меч, аргентинскиот колос испадна од турнирот. На разочарувањето за Ривер се надоврзува и тоа што финалето на 30 ноември ќе се игра на домашен терен.
Неверојатната атмосфера што ја создадоа над 84.000 навивачи на „милионерите“ не му помогна на тимот од аргентинската престолнина да дојде до чудото од соништата.
Атлетико Минеиро, предводен од Аргентинецот Габриел Милито, одигра прагматично и ја постигна својата цел. Бразилскиот тим ќе се обиде да го освои најпрестижното клупско признание во Јужна Америка по втор пат во својата историја по 2013 година.
Ривер веднаш тргна во напад, но тоа не резултираше со погодок. Имаа шанси уште на стартот кои не ги искористија. Атлетико Минеиро можеше уште во првиот дел да го реши и дефинитивно патникот во финалето, но легендарниот Хулк ја погоди стативата, а потоа и Скарпа ја погоди пречката. Ривер на крајот не успеа да дојде ниту до победа.
Атлетико во финалето најверојатно ќе игра со Ботафого, со оглед дека по првиот меч Бразилците имаат предност од 5-0 против Пењарол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА