Еден од најголемите светски признати пинг-понг експерти, Словенецот Јоже Урх е на тренинг камп со македонските надежи во Битола.
Од 28. октомври до 1. ноември вкупно 16 млади пингпонг таленти од Македонија се во Битола на тренинг камп со тренерот, експерт и организатор на тренинг кампови ширум светот словенецот Јоже Урх.
„Со ова продолжуваме со вложување во младите таленти, но и истовремено помагаме на клубовите во подигнување на нивото на тренинг. Тренерот од Словенија е светски познат експерт кој во соработка со Меѓународната пинг понг федерација (ИТТФ) организираат тренинг кампови во Европа и надвор од континентот“ – велат Пингпонгарската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА