Еден од најдобрите кошаркари на Торонто, Скоти Барнс нема да може да му помогне на Торонто во следните три недели поради повреда стекната на натпреварот против Денвер Нагетс на српската мега ѕвезда Никола Јокиќ.
Барнс го напушти теренот во последната четвртина по ненамерен удар од лактот од страна на Никола Јокиќ и мораше да му биде дадена помош во соблекувалната.
По деталните прегледи утврдено е дека станува збор за повреда на коските околку десното око.
На првите четири натпревари оваа сезона Барнс постигна просек од 19.3 поени, 7.8 скокови и 6.0 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА