Панатинаикос можел да биде незапирлив, но го одбил Дарио Шариќ

Искусниот хрватски репрезентативец Дарио Шариќ и оваа сезона ќе настапува во НБА лигата откако потпиша договор со Денвер Нагетс. Со тоа тимот од Колорадо доби нов балкански двоец под обрачите.

А, работите можеле да бидат поинакви доколку Хрватот ја прифател понудата која ја имал од актуелниот шампион на Евролигата, Панатинаикос.

„Имав понуда од Денвер и не знаев дали ќе останам во НБА или ќе се вратам во Европа каде ќе имав поголема улога. Лично немав одлучено дали ќе останам во НБА или ќе одам во Панатинаикос. Претходната година помошен тренер на Панатинаикос ме контактираше и ми кажа дека ме сакаат. На некој начин имавме договор“, откри Шариќ.

Панатинаикос ова лето сепак стигна до две НБА засилувања во Чеди Осман и Омер Јутсевен. Доколку се приклучеше и Шариќ јасно е дека грчкиот гигант ќе имаше мега тим кој ќе беше тежок противник за секој екипа.

Се вчитува...