Се поголема е веројатноста дека Рубен Аморим ќе биде новиот предводник на Манчестер Јунајтед по успешните преговори кои ги води раководстовто на „црвените ѓаволи“ со Спортинг и самиот португалски стратег.
Новиот тренер на Манчестер Јунајтед е топ тема во англиската јавност па за неа беше запрашан и тренерот на градскиот ривал Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
„Зборев со Матеуш Нуњез и тој ми кажа се најдобро за него. Оваа сезона е непобедлив. Победуваше на сите натпревари во првенството, во Лигата на шампиони има исто бодови колку што и ние“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА