Црвена звезда со звукот на сирената загуби од Жалгирис

Кошаркарите на Црвена звезда го доживеаја и третиот пораз сезонав во Евролигата, откако вечерва во натпревар од шестото коло во елитното натпреварување загубија на гостувањето кај литвански Жалгирис со 86-84.

Домаќините одлично го отворија натпревароти и по првата четвртина веќе имаа предност од шест поени 24-18. Во вториот период разликата само се зголемуваше, па Литванците на пауза заминаа со двоцифрена позитива (47-33).

Во вториот дел гостите малку по малку успеаја целосно да се вратат во мечот и покрај неколку судиски одлуки во корист на домашниот тим, а Мекинтаер со тројка на една секунда до крајот израмни на 84-84. Сепак и покрај тројката, Звезда забележа пораз откако Брајант Данстон со звукот на сирената донесе победа за домаќините (86-84).

Сирвидис со 17 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Милер Мекинтаер заврши со 16 поени.

Се вчитува...