Бум-бум Бојан: Миовски за четири минути двапати стрелаше за Жирона (ВИДЕО)

Најдобриот македонски напаѓач во голем стил за првпат се запиша во листата на стрелците за неговата Жирона по доаѓањето од Абердин во летниот преоден рок.

Миовски ги реши сите дилеми на гостувањето на неговиот тим кај нисколигашот Екстремадура, откако за само четири минути во второто полувреме постигна два гола. Гостите имаа водство од 0-1 со голот на Брајан Жил во 12. минута.

Во 58. минута нашиот фудбалер стапи на сцена и го постигна својот прв гол во дресот на тимот од Каталонија за 0-2. Само четири минути подоцна веќе беше и 0-3 со вториот погодок на Миовски на овој натпревар.

 

Се вчитува...