Нов пораз на Партизан во Евролигата

Кошаркарите на Партизан забележаа нов пораз во Евролигата откако вечерва во 6. коло на домашен терен загубија од Монако со 74-79.

Првиот период помина во израмнета игра на двете страни, а по десет минути игра гостите имаа предност од два поени 21-23. Во вториот период Партизан одигра катастрофално, па гостите на пауза заминаа со двоцифрена предност од 33-46.

Во второто полувреме домашниот тим предводен од преполниот „Пионир“ одигра нерешено и успеа на две минути до крај да влезе со позитива од еден поен 73-72. Сепак, гостите предводени од Мајк Џејмс беа посконцентрирани во финишот и стигнаа до триумф од 74-79. Диало со 18 поени беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Карлик Џоунс заврши со 15 поени.

Aктуелниот шампион Панатинаикос беше сигурен на домашен терен против АСВЕЛ со убедливи 92-68. Браун со 17 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Џексон постигна 13 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...