Фудбалерите на Жирона ја поминаа првата пречка во „Купот на кралот“ откако вечерва на гостински терен славеа кај нисколигашот Екстремадура со убедливи 0-4.
Миовски ги реши сите дилеми на гостувањето на неговиот тим кај нисколигашот Екстремадура, откако за само четири минути во второто полувреме постигна два гола. Гостите имаа водство од 0-1 со голот на Брајан Жил во 12. минута.
Во 58. минута нашиот фудбалер стапи на сцена и го постигна својот прв гол во дресот на тимот од Каталонија за 0-2. Само четири минути подоцна веќе беше и 0-3 со вториот погодок на Миовски на овој натпревар.
До крајот конечните 0-4 беа дело на Мартинез во 76. минута.
¡QUÉ GRAN CABEZAZO DE BOJAN MIOVSKI!
¡QUÉ CENTRO DE TIRO LIBRE DE MIGUEL GUTIÉRREZ!pic.twitter.com/4FurkPnTT9— Football Report (@FootballReprt) October 30, 2024
¡QUÉ DEFINICIÓN DE BOJAN MIOVSKI PARA SU DOBLETE!
¡QUÉ CENTRO DE PAPA DAME BA 🇸🇳(2004)!pic.twitter.com/WZgNbSoFf8— Football Report (@FootballReprt) October 30, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА