Гвардиола: Имаме проблем, само 13 играчи се здрави за да играат

Манчестер Сити беше елиминиран од Тотенхем во англискиот лига-куп, а Пеп Гвардиола не ја криеше загриженоста поради се подолгата листа на повредени фудбалери.

Ерлинг Халанд од тактички причини доби одмор, но главоболка за стратегот на Сити претставуваат новите повреди, Аканжи се пожали на болка во мускулот на загревањето, Рубен Дијаш мораше да биде заменет на полувремето, додека Савињо на носилки беше изнесен по повредата во 63. минута

„Имаме само 13 здрави фудбалери, навистина проблемот е огромен. Во овие девет години колку што сум овде никогаш не сум се нашол во ваква ситуација“, изјави Гвардиола.

Листата повредени фудбалери ја предводи Родри за кого оваа сезона е завршена, се уште е неизвесно кога ќе се вратат Кајл Вокер и Кевин де Бруине, додека младиот суперталент Оскар Боб би можел да го има својот камбек пред крајот на годинава.

Џереми Доку е во аут до ноемвриската репрезентативна пауза, додека Џек Грилиш исто така ги пропушти последните средби на својот тим.

Се вчитува...