ЛА Лејкерс се помалку личи на сериозен клуб со шампионски амбиции откако управата реши да му ја исполни желбата на Леброн Џејмс и потпиша договор со неговиот син Брони, чиј потенцијал очигледно е далеку под нивото неопходно за НБА-лигата. Доказ за тоа беа сите подготвителни натпревари, се најавуваше дека Брони ќе биде испратен во Развојната лига, но во меѓувреме тој продолжува да го носи дресот на „езерџиите“. Тоа беше случај и на синоќешниот дуел во Кливленд на кој лејкерси беа поразени со 134-110, но ќе остане запишано дека токму на овој меч „Леброн Џуниор“ ги постигна своите први поени во НБА.
Дуелот веќе беше решен кога Брони доби шанса во четвртата четвртина, погодувајќи скок шут од дистанца на радост на својот татко. Леброн, кој во декември ќе наполни 40 години постигна 25 поени со одличен шут од игра (9/13), Џерет Ален беше неприкосновен во рекетот со 20 поени и 17 скокови, додека Иван Мобли постигна 25, а Донован Мичел 24 поени за побендичкиот тим.
Многу интересно беше во Индијанаполис, каде Индијана по голема битка славеше над шампионот Бостон со 135-132. Бостон се врати од 24 поени негатива и се избори за продолженија, но домаќините сепак најдоа начин да слават во дополнителните пет минути, со тројката со звукот на сирената што ја постигна Сиакам. Матурим со 30 поени и 11 скокови беше најефикасен во победничкиот тим, херојот Сиакам имаше 29 поени и 11 скокови, додека Тејтум беше лидер на Бостон со 37 постигнати поени.
Голден Стејт и без помошта на Стеф Кари славеше над Њу Орлеанс со 104-89, додека Филаделфија го претрпе третиот пораз во првите четири средби сезонава откако неочекуван загуби на домашен терен од Детроит со 95-105.
Резултати НБА:
Шарлот – Торонто 138-133, Кливленд – ЛА Лејкерс 134-110, Индијана – Бостон 135-132 (по прод.), Филаделфија – Детроит 95-105, Вашингтон – Атланта 133-120, Мајами – Њујорк 107-116, Чикаго – Орландо 102-99, Мемфис – Бруклин 106-119, Оклахома Сити – Сан Антонио 105-93, Голден Стејт – Њу Орлеанс 104-89, ЛА Клиперс – Портлант 105-106.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА