Тотенхем го очекува нова сериозна пресметка во лига-купот на Англија, „спарси“ во осминафиналето го елиминираа Манчестер Сити, а ждрепката одлучи лондонскиот клуб во четвртфиналто да се сретне со вториот клуб од Манчестер, овојпат со Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ делуваа препородено против Лестер под водство на Руд ван Нистелрој, но на гостувањето во Лондон ќе бидат предводени од новиот тренер Рубен Аморим, кој наскоро и официјално ќе се пресели на „Олд Трафорд“.
Бранителот на трофејот Ливерпул ќе му гостува на тимот на Саутемптон, додека Арсенал на домашен терен против Кристал Палас ќе оди на победа и влез во полуфиналето.
Во последната четвртфинална пресметка ќе се сретнат Њукасл и Брентфорд. Натпреварите од четвртфиналето во лига-купот на Англија ќе се одиграат во периодот од 16 до 19 декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА