Ван Нистелрој доби награда за триумфот – уште три меча ќе го води Јунајтед

Руд ван Нистелрој имаше деби од соништата на клупата на Манчестер Јунајтед, откако ги предводеше „црвените ѓаволи“ до победа од 5-2 над Лестер во осминафиналето од англискиот лига-куп.

Легендарниот голгетер остана да помогне по отказот на Тен Хаг додека не биде потпишан договорот со новиот тренер и Ван Нистелрој веднаш успеа во нешто што Тен Хаг не можеше да го стори во повеќе од две години како предводник на „црвените ѓаволи“ – Јунајтед да постигне пет погодоци против ривал од Премиер-лигата.

„Јас дојдов овде бидејќи знам дека Манчестер Јунајтед може пак да биде голем клуб, дојдов затоа што сакав да помогнам. Тоа го правам и сега, помагам и ќе продолжам додека тоа се бара од мене“, изјави Ван Нистелрој.

Англиските медиуми информираат дека управата била презадоволна од она што го видела, па затоа престанува со инсистирањето до Спортинг за забрзување на преговорите за доаѓање на Рубен Аморим. Според последните информации, Јунајтед е согласен Аморим да дојде на почетокот од ноемвриската репрезентативна пауза, a дотогаш Ван Нистелрој да остане на чело на тимот.

Ова значи дека Холанѓаенцот ќе го води Јунајтед на следните две премиерлигашки средби, со Челси и со Лестер, како и на дуелот со ПАОК во рамките од Лигата на Европа.

Се вчитува...