Галатасарај не се откажува од Елиф Елмас

Елиф Елмас повторно се поврзува со камбек во турскиот фудбал, а покрај неговиот поранешен клуб Фенербахче, сериозен интерес за македонскиот репрезентативец покажува и шампионот Галатасарај. Овој клуб се интересираше за Елмас и пред крајот на летниот преоден рок, тогаш не дојде до договор, а последните информации говорат дека челниците на Галата се немаат откажано од намерата да го доведат Елмас во своите редови.

Овој клуб одлично ја почна новата сезона, но тренерот Окан Бурук инсистира на дополнително засилување во зимкиот преоден рок, и тоа со играч кој настапува како плејмејкер во средниот ред, но и добро се снаоѓа на крилните позиции. Елмас е токму таков вид на играч, а ситуацијата во која македонскиот ас се наоѓа во Лајпциг ги зголемува шансите за негов трансфер во Турција. Тој летово решил да остане во Лајпциг за да се бори за првотимски статус, но веќе на сите им е јасно дека тоа е невозможна линија откако Елиф не одигра ниту минута во Бундес-лигата, добивајќи минимална минутажа на еден меч во ЛШ и играјќи само 15 минути на последниот куп-дуел со Сент Паули.

Сега и самиот фудбалер размислува за напуштање на Бундес-лигата, што било доволна причина за Галата да ги обнови разговорите со Лајпциг. Според турските медиуми, германскиот клуб е подготвен да даде зелено светло дури и за позајмица, и тоа на шест или на 18 месеци, за да се ослободи од обврските кон фудбалерот на кој тренерот Марко Росе дефинитивно не смета.

Се очекува преговорите да се интензивираат во наредниот период, се со цел Галата да го осигура потписот уште пред почетокот на јануарскиот преоден рок. Фенербахче претходно исто така покажа интерес да го врати Елмас во своите редови, но информациите од Турција велат дека Галатасарај е во водство во трката за потпис на македонскиот фудбалер.

Се вчитува...