Сагата околу наследникот на Ерик тен Хаг во Манчестер јунајтед е пред крај. Според Фабрицио Романо, еден од најсигурните фудбалски инсајдери, доаѓањето на Рубен Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед е завршена работа и тоа е само прашање на време.
„Рубен Аморим може да се смета за нов тренер на Манчестер Јунајтед“, напиша Романо на својот Твитер профил.
Островскиот гигант ќе му плати на Спортинг отштета од 10 милиони евра, плус еден милион за останатите членови на стручниот штаб. Сем Аморим ќе потпише договор до 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА