Членови на УО бараат итна седница на Управниот одбор на ФФМ: Треба да се свика во рок од 21 ден

Фудбалската федерација на Македонија ја информираше јавноста дека е пристигнат допис до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, со кој дел од членовите на Управниот одбор бараат закажување на итна седница на УО на ФФМ.

„Фудбалската федерација на Македонија ја известува јавноста дека денеска (31. октомври 2024) се пристигнати дописи до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со кои дел од членовите на Управниот одбор на ФФМ бараат закажување на итна седница. Согласно Статутот на ФФМ, претсетателот на ФФМ има обврска да свика седница во рок од 21 ден од денот на приемот на барањето за свикување на седница на Управен одбор. Во спротивно, членовите на Управниот одбор имаат право седницата да ја закажат самостојно. Јавноста ќе биде навремно известена за понатамошните случувања“, сe вели во соопштението на ФФМ.

Десет од 16 членови на УО на ФФМ побараа свикување седница на која бараат информација за разговорите на претседателот Сејдини со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин по посетата во Нион, за која тврдат дека не се информирани.

„Во изминатиов период се случија неколку активности на Фудбалската федерација на Македонија за кои ние како членови на УО на ФФМ не сме информирани и не сме координирани околу ставовите и одлуките на Федерацијата, иако како членови на ова тело на Федерацијата обврска ни е да носиме заеднички одлуки и ставови. Поради тоа што веќе подолго време немаме одржано седница на УО на ФФМ, ние како долупотпишани членови на овој орган на Федерацијата денеска имавме заедничка средба на која излеговме со следните заклучоци и барање кон Вас како претседател на ФФМ“ – стои во дел од барањето на членовите на УО до претседателот на ФФМ, за свикување состанок на Управниот одбор.

Се вчитува...