Нов светски рекорд на Кејт Даглас на 200 градно

Кејт Даглас повторно го собори светскиот рекорд на 200 градно во 25-метарски базени.

Американката на третиот митинг во Светскиот куп во Сингапур ја запре стоперката на неверојатни 2:12.72 минути.

За речиси секунда и половина го подобри сопствениот личен и светски рекорд (2:14.16), кој го постави пред само шест дена на натпреварот во Инчеон, Јужна Кореја.

Првиот ден во Сингапур го одбележа и Леон Маршанд. Четирикратниот олимписки шампион победи на 100 мешано со 49,92 секунди, рекорд на Светскиот куп. Најдоброто време во историјата и понатаму го држи Кејлеб Дресел со 49,28 секунди.

Се вчитува...