Поради големите поплави кои ја зафатија Валенсија, натпреварот на овој тим во Ла лига против актуелниот шампион Реал Мадрид е одложен.
Мечот од 11. коло требаше да се игра во сабота, но Ла лига излезе пресрет на барањето на тимот од “Месталја”.
Во 11. коло поради истите причини нема да се одигра и мечот меѓу Вилјареал и Рајо Валјекано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА