Родри е следната голема мета на Реал Мадрид, пишува шпански АС неколку дена откако играчот од средниот ред на Манчестер Сити ја освои Златната топка, а кралскиот клуб поради тоа ја бојкотираше наградата во Париз.
Од извор во клубот шпанскиот весник дознава дека Реал е и повеќе од заинтересиран за Родри кој треба да ги реши проблемите во средината.
„Потпишувањето на Родри би било голема операција, но има се повеќе и повеќе смисла. Освен тоа, Родри има силни врски во соблекувалната во Мадрид. Тој дели блиско пријателство со капитенот на тимот Дани Карвахал, а Анчелоти исто така е љубител на стилот на Родри. Реал се свесни дека доаѓањето на Родри не само што ќе реши многу од проблемите во средината, туку ќе добие и огромна маркетиншка вредност: уште еден добитник на Златна топка да игра на Бернабеу“, стои во текстот на Ас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА