Нов шок за Реал Мадрид: Винисиус ги прекина преговорите за нов договор

Винисиус Јуниор, еден од најдобрите светски фудбалери во моментов, реши да ги прекине преговорите со Реал Мадрид во екот на скандалот со „Златната топка“.

Бразилецот очекуваше да ја освои Златната топка, но беше разочаран откако наградата отиде кај шпанскиот репрезентативец Родриго. Неговото незадоволство не можеше да се сокрие; ја најави својата одмазда, нагласувајќи дека ќе се труди во иднина да биде 10 пати подобар и да им докаже на сите дека згрешиле.

Сепак, денес доаѓа нова изненадувачка вест. Како што пренесува шпански Relevo, менаџерите на Винисиус Јуниор ги прекинале разговорите со Реал Мадрид за нов договор и продолжување на соработката.

Според информациите на овој медиум, преговорите меѓу страните не напредувале и откако Бразилецот остана без Златната топка, тие се целосно суспендирани. Винисиус не сака да губи време на работи надвор од теренот, наместо тоа да се фокусира на тренинзите и настапите за да стане уште подобар откако не ја освои наградата за најдобар фудбалер во светот.

Актуелниот договор на Винисиус со Реал Мадрид е до 2027 година, но Мадрид стравува дека Саудијците би можеле да го „украдат“. Минатото лето понудија неверојатни 1 милијарда евра за петгодишен договор.

Се вчитува...