Се чини дека во Минхен навистина се ближи крајот на една ера. По четврт век минат во Баерн, Томас Мулер ќе го напушти германскиот клуб со најмногу трофеи. Неговата следна дестинација е веќе на повидок.
Милер со годините стана заштитен симбол на Баерн и несомнено важи за еден од најпотценетите играчи во неговата генерација. Од 2009 година кога дебитираше, па се до денеска, е тешко да се замислат „Баварците“ без него.
Сепак, на се му доаѓа крајот. Договорот на одличниот фудбалер истекува на лето и засега нема преговори околу продолжување, што е јасен знак дека заминува.
Информациите говорат дека легендарниот Германец ќе ги следи стапките на неколку негови претходници од тимот, како Бекенбауер, и ќе замине во САД, односно ќе игра во МЛС Лигата. За него има интерес и од неколку клубови, меѓу кои и Интер Мајами на Меси и Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА