Навивачите бараат од Џерард да замине од Ал Етифак

Навивачите го повикаа Стивен Џерард да си поднесе оставка од тренерската функција на Ал-Етифак, информираат медиумите во Англија.

Тимот вчера доживеа историско понижување, откако во купот испадна од второлигашот Ал-Џабалин. Џерард има договор со клубот уште 1,5 година, и заработува 15 милиони фунти по сезона, но настапите се далеку од очекувањата.

Ал-Етифак се наоѓа на 10. место на табелата, откако е без победа од средината на септември. Џерард дојде во овој клуб во 2023 година, но медиумите јавуваат дека веќе се „пакува“ и наскоро ќе ја напушти клупата.

Се вчитува...