Пиоли: Роналдо не е повеќе млад, но ја има истата страст

Новиот тренер на Ал-Наср , Стефано Пиоли даде опширно интервју за официјалните медиуми на саудискиот шампионат. Италијанскиот стручњак, кој во првите девет натпревари на чело на тимот забележа седум победи, едно реми и еден пораз, објасни зошто решил да ги преземе „жолто-сините“.

„Бев многу среќен кога Ал-Наср ме контактираше, затоа што сакав да почнам ново искуство, кое се разликуваше со оние 20 години во Италија. Почувствува довберба и желба за раст и развој. Важно беше што Роналдо беше во тимот“, рече Пиоли.

Тој, исто така, призна дека е импресиониран од перформансите на суперѕвездата Роналдо во тренажниот процес.

„Секако, секогаш го сметав Кристијано за голем шампион. Но, пред се за неверојатен професионалец со одлична работна етика и одлична култура секогаш да се труди да се изрази максимално. Затоа, најдов момче кое веќе не е младо, но со истиот ентузијазам и страст. Кога беше дете, сакаше да прави работи, секогаш да се труди да го даде најдоброто од себе, да го постигне максимумот, да постигнува многу голови и да му помага на тимот. Така што тој е дефинитивно пријатно изненадување за мене“, изјави поранешниот тренер на Милан. 

Се вчитува...