Манчестер Јунајтед потроши 95 милиони евра на ангажман на бразилскиот фудбалер Ентони на инсистирање на веќе поранешниот тренер Ерик тен Хаг кој сакаше како и во Ајакс, да го има во своите редови и во англискиот премиерлигаш.
Ентони не само што не ги оправда очекувањата за преголемата сума потрошена на него, туку се најде и во центар на скандал поради кој потполно се загуби на теренот па неговата вредност на маркетот вртоглаво падна на само 20 милиони евра.
А, сега со заминувањето на холандскиот стратег заминува и неговиот пулен, пишуваат англиските медиуми. Раководството на клубот му порачало од јануари да бара нов клуб бидејќи за него повеќе нема место во тимот и нема намера да го испочитува неговиот договор кој е со важност до 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА