Ракометарите на Пелистер ја запишаа својата прва победа во Лигата на шампионите триумфирајќи сосема заслужено на гостувањето против Фредериција во Данска со 23-25.
Привременото решение на тренерската функција, Звонко Шундовски, не го криеше задоволството од триумфот во Данска истакнувајќи дека тимот напорно работеше сезонава за да дојде до ова.
„Искрено честитам на мојот тим за победата. Одигравме одлично, славевме над квалитетна екипа, сосема заслужено. Факт е дека ова не беше натпревар без грешки. Игравме под притисок во првото полувреме, но и покрај тоа трипати се вративме од негатива од три гола. Во вториот дел одигравме како тим, и тоа веднаш даде резултат. Затоа уште еднаш сакам да им честитам на момците. Верувам дека овде нема да застанеме. Работевме напорно за да стигнеме до овој резултат“ – изјави Шундовски по мечот во Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА