Рома дојде до три бода во 10. коло од Серија А, триумфирајќи минимално но доволно пред своите навивачи со екипата на Торино.
Победата на „волчицата“ од 1-0 ja донесе Дибала со голот уште во 20. минута од средбата.
Лацио, пак, убедливо со 1-5 славеше на гостувањето против Комо.
„Лацијалите“ поведоа со 0-2 уште во првото полувреме со головите на Кастељанос и Педро, а во вториот дел следеа уште три погодоци за „петарда“ во мрежата на домашните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА