Алкараз по шокантниот пораз: Тоа е затоа што ја променија подлогата

Карлос Алкараз доживеа синоќа непријатен пораз на Мастерсот во Париз од домашниот тенисер Иго Умбер, останувајќи само до осминафиналето на турнирот на кој не се прослави. Нешто слично како и во Шангај пред две недели.

Очекувано беше разочаран Шпанецот по мечот, истакнувајќи дека и промената на подлогата влијаела за неговиот пораз.

„Ова беше најбрзата подлога на еден Мастерс турнир од серијата 1000. Искрено, не знам зошто целосно ја променија подлогата во споредба со минатите години. Очигледно требаше да дојдам порано во Париз за да се навикнам на овие услови. Не бев доволно адаптиран“ – истакна Алкараз кој вели дека Умбер секогаш му прави проблеми во кариерата.

„Знаев дека нема да биде лесно против Иго. Има силни удари, дава се од себе, и секогаш ве принудува многу да трчате. Се обидов да се вратам во мечот, но не бев на ниво на кое мораше да бидам“.

Се вчитува...