Баер Леверкузен ќе го ангажира голманот на Манчестер Сити

Германскиот шампион Баер Леверкузен ќе се обиде да ангажира нов голман, кој ќе биде конкуренција на Лукаш Храдецки, кој во моментов е „единица“ на „фармацевтите“.

Во моментов втор голман на екипата е Матеј Ковар, но челните луѓе не се задоволни од неговите изданија, па така ќе се обидат да ангажираат нов чувар на мрежата.

Еден од кандидатите е голманот на Манчестер Сити, Штефан Ортега. Ортега е резерва на Едерсон, но во минатата сезона беше едно време и прв голман, и еден од најзаслужните за титулата во Премиерлигата.

31-годишниот чувар на мрежата има договор со „граѓаните“ до 2026 година, и има голема желба да замине во клуб каде ќе добива поголема шанса.

Се вчитува...