Натпреварот од 7. коло во Евролигата помеѓу Црвена звезда и Панатинаикос ќе започне со едноминутно молчење поради трагедијата што го снајде Нови Сад.
Поради уривање на настрешницата на влезот на железничката станица, денеска околу 12 часот, според досегашните информации, загинале осум лица, а многу повеќе се повредени.
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека се повредени повеќе од 30 лица. Под урнатините имало и мало девојче, кое било извлечено по повеќе од четири часа.
Инаку, под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани.
Ден на жалост е прогласен во сабота во Србија, а според околностите Кошаркарскиот клуб Црвена звезда одговори со официјален допис до Евролигата дека натпреварот кој се игра во 20 часот ќе започне со минута молчење, како почит на сите жртви од денешната несреќа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА