Винициус Жуниор сака да го напушти Реал Мадрид и да го добие најбогатиот договор во историјата на фудбалот, пренесуваат дек од светските медиуми.
Според „Фут-меркато“, бразилскиот ас, без оглед на неговите изјави, бил навредуван, понижен и останал без загарантираниот паричен бонус. според договорот, доколку ја освои Златната топка. Поради сето тоа, Вини наводно почнал да размислува не само за заминување од Реал, туку и за заминување од Европа?!
„Поразот во трката за највредното индивидуално признание ги наруши плановите на 24-годишниот крилен напаѓач. Винисциус чекаше да се закити со трофејот за најдобар играч на светот, по што планираше да побара од Реал нов договор – најголемиот во клубот. Бидејќи Златната топка му избега, а со тоа и најважната предност во преговорите за нов договор, легитимно е да се постави прашањето за иднината на Вини“, пишува „Фут-меркато“.
Саудиска Арабија сака сето ова да го искористи, а тамошната влада е подготвена да одвои најголема сума пари досега за да го намами Бразилецот да оди на Блискиот Исток.
За сериозноста на Арапите најдобро говори информацијата дека специјалните пратеници се согласиле да дојдат во Мадрид, за да го запознаат Винициус со проектот. Кога ќе се одржи средбата не се знае, но се шпекулира дека на Бразилецот ќе му биде понуден четиригодишен договор со нето годишна плата каква што никој досега не ја добил во историјата на спортот.
Кога станува збор за фудбалот, Килијан Мбапе заработи рекордна сума играјќи за Пари Сен Жермен – околу 112.000.000 евра бруто. Ал Хилал очигледно би му дал поголема плата на Винициус. Истовремено во договорот би имало клаузула според која една од најголемите ѕвезди на денешницата би имала влијание врз трансфер политиката на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА