Ова не личи на шампион: Баер реди „киксови“ во Бундес-лигата

Баер Леверкузен дефинитивно сезонава не е истиот тим што до пред неколку месеци беше страв и трепет во германскиот фудбал, откако актуелниот првак вечерва одигра само 0-0 на домашен терен против Штутгарт. Ако на голем дел од досегашните средби проблем им беше слабата одбрана, овојпат „фармацевтите“ до цел плен не стигнаа поради неефикасноста на своите напаѓачи.

Имено, избраниците на Чаби Алонсо имаа повеќе од играта, диктираа темпо, создадоа неколку извонредни ситуации, но не успеаја да го најдат патот до мрежата.

Главен виновник за тоа е гостинскиот голман Нубел, член на Баерн Минхен кој е на позајмица во Штутгарт, германскиот репрезентативец бранеше маестрално запирајќи пет зицери на „фармацевтитите“, последниот кога Бонифејс излезе очи в очи со него, но Нубел знаеше како да го запре и овој негов обид.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...