Рамос преговара со Бока Јуниорс

Серхио Рамос наскоро би можел да најде нов тим. Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и Севиља преговара за трансфер во аргентинскиот гигант Бока Јуниорс.

Во моментов претседател на аргентинскиот клуб е Хуан Роман Рикелме, а тренер Фернандо Гаго со кој Рамос играше во Реал Мадрид. Тие веќе биле во контакт со претставниците на дефанзивецот и преговорите одат во позитивна насока.

38-годишниот ветеран е доста заинтригиран од понудата на Бока и наводно е многу веројатно да потпише и да му се приклучи на клубот околу Божиќ.

Рамос доби и други понуди, од кои неколку беа од ОАЕ и други арапски земји, но категорично ги одби.

Се вчитува...