Лионел Меси игра за Интер Мајами, и е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Аргентинецот ги освои сите трофеи и на клупски и на репрезентативен план, и сега веќе размислува на пензија.
Асот на Интер Мајами, кажа дека по завршувањето на играчката кариера, сигурно нема да работи како тренер.
„Не планирам да станам тренер кога ќе ја завршам играчката кариера. Тоа е нешто кое не сакам да го правам во иднина“, рече Меси.
Меси има договор до јуни 2025 година, а дали потоа ќе продолжи со фудбалот не е познато. Некои шпекулации велат дека тој ќе се врати во Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА