Не е само Реал Мадрид тимот кој што сака да го доведе Чаби Алонсо на својата клупа. Тоа сака да го стори и Манчестер Сити кој во него гледа идеална замена за Пеп Гвардиола кој би можел да замине веќе идното лето.
Со тоа „кралевите“ би добиле сериозна конкуренција во битката за актуелниот тренер на Баер Леверкузен, кој минатата сезона направи вистинско чудо и без ниту еден пораз ја освои Бундеслигата.
Чаби Алонсо требаше уште во оваа сезона да се пресели на Островор, откако за неговите услуги беше силно заинтересиран Ливерпул, но тој ја одби таа можност и се реши да остане уште една сезона меѓу „фармацевтите“.
Договорот на Пеп Гвардиола со Сити е до 2025 година, додека Анчелоти има договор до 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА