Кошаркарите на Работнички иако потешко од очекуваното, ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај екипата на Вардар (71-79) во вториот денешен натпревар од 5. коло во Првата лига на Македонија.
Домаќините подобро го отворија натпреварот и по првите десет минути имаа предност од 20-17. Гостинот возврати во вториот дел и успеа на пауза меѓу двете полувремиња да замине со предност од 39-42.
Иако Вардар во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се одлепи, сепак центарци упсеаја во вториот дел некако да ја задржат предноста и на крајот да стигнат до конечен триумф од 71-79.
Стојан Ѓуроски со 20 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Лука Марјановиќ постигна 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА