Симеоне: Нема никаква поента да играме во овој момент фудбал

Претходните денови и викендов беа одложени неколку натпревари поради катастрофалните поплави кои го зафатија регионот Валенсија и во кои бројот на загинати достигна 211. Натпреварите на клубовите кои не беа погодени од поплавите, како што беше случајот во претходните денови со натпреварите од Купот на кралот се играат по однапред утврден распоред.

Според последните информации, бројот на жртви во поплавите е 211, а десетици лица се уште се водат како исчезнати, но спортските настани се само делумно одложени. Тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне смета дека сето тоа нема поента.

„Нема поента да играме кога Шпанија се наоѓа во таква ситуација“, изјави Диего Симеоне, чиј Атлетико играше и во Купот на Кралот во неделата, а во недела беше домаќин на Лас Палмас.

Се вчитува...