Германскиот тенисер Александер Зверев е првиот финалист на последниот турнир од АТП мастерс 1000 серијата кој се игра во француската „Берси арена“ во Париз.
Во првото полуфинале Германецот без поголеми проблеми, со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-3 славеше против поранешниот освојувач на овој турнир, Данецот, Холгер Руне.
Во финалето Зверев за противник ќе го има подобриот од вториот дуел во кој се среќаваат домашниот тенисер Иго Умбер и Русинот Карен Хачанов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА