Фудбалерите на Баерн Минхен стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако денеска на домашен терен славеа со убедливи 3-0 против Унион Берлин во меч од 9. коло од новата сезона во Бундеслигата.
Водство за Баварците од 1-0 донесе Хари Кејн од пенал во 15. минута. На 2-0 зголеми Кингсли Коман во 43. минута. Конечните 3-0 беа дело на Хари Кејн во 51. минута.
Bayern Munich [3] – 0 Union Berlin – H. Kane 51'
byu/etclassico insoccer
Во останатите мечеви од програмата во 15.30 часот, Ајнтрахт Франкфурт го прегази Бохум со 7-2, Хофенхајм – Сента Паули 0-2, Кил – Хајденхајм 1-0 и Волфсбург – Аугзбург 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА