Фудбалерите на Жирона стигнаа до победа на домашен терен од 4-3 на Легањес во неверојатниот натпревар како дел од 12. коло од новата сезона во шпанската Ла лига.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Гутјерез во 21. минута. На 1-1 израмни Тапија само четири минути подоцна, а ново водство за домаќинот донесе Мартинез во 31. минута. До крајот на првиот дел беше 2-2 со погодокот на Круз во 41. минута.
Стуани од пенал во 61. минута повторно ја доведе во позитива Жирона (3-2), пенал кој го изнуди нашиот Миовски, а потоа поради повреда мораше да му го отстапи местот токму на Стуани. Со автоголот на Гонзалез во 73. минута беше 4-2. До крајот гостите успеаја само да го ублажат поразот (4-3) преку Ел Хадади во 77. минута. Бојан Миовски повторно беше стартер за својот тим и одигра 60 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА