Флуминенсе го отпушти Марсело

Поранешниот играч на Реал Мадрид и бразилската репрезентација, 36-годишниот лев бек Марсело повеќе не е играч на бразилскиот гигант Флуминенсе, потврдија од клубот.

Марсело беше во центарот на контроверзноста на натпреварот против Гремио. Имено, тренерот на Флуминенсе, Мано Менезес, имал намера да го внесе во игра, а додека Марсело чекал „зелено светло“ да влезе на теренот, Менезес го допирал во разговор на теренот.

Тој физички контакт на прв поглед изгледаше како секој друг меѓу тренер и играч, но на Марсело очигледно не му се допадна и го оттурна својот тренер, сугерирајќи да не го допира. Наводно му рекол на Менезес да не разговара со него, а тренерот го вратил на клупата.

Ден по натпреварот, Флуминенсе објави дека го раскинале договорот со 36-годишниот дефанзивец:

„Флуминенсе и Марсело постигнаа договор за прекин на соработката. Взаемната љубов меѓу двете страни ќе остане вечна. Неговото име е овековечено на стадионот и во тренинг центарот. Му благодариме и ќе продолжиме да го поддржуваме во идните одлуки“, стои во соопштението на Флуминенсе. 

Се вчитува...