Македонскиот интернационалец Дарко Чурлинов, со гол донесе триумф на својата Јагиелонија на гостувањето кај Горник Забрзе, во 14. коло во полската Екстракласа.
Чурлинов погоди во 69. минута, и така донесе 0-2 за својата екипа, што на крајот беше конечен резултат. Во 89. минута македонскиот репрезентативец го напушти теренот.
За Чурлинов ова беше втор гол во полскиот шампионат сезонава. Постигна еден и во Лигата на Конференции, кога донесе триумф на својот тим против Копенхаген.
Со оваа победа Јагелонија го искористи киксот на Лех Познањ, и се израмни со него на табелата. Двата тима имаат по 31 бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА