Тотенхем губеше, па во вториот дел ја „скрши“ Астон Вила (ВИДЕО)

Тотенхем дојде до петтиот триумф во Премиерлигата, откако на свој терен попладнево ја совлада Астон Вила со 4-1, со головите во вториот дел.

После првиот дел гостите од Бирмингем имаа предност со погодокот на Роџерс во 32. минута од средбата.

Вториот дел почна одлично за Тотенхем. Џонсон во 49. минута од средбата донесе израмнување. Следуваа два гола на Соланке за четири минути, првиот по асистенција на Кулушевски, а потоа и по асистенција на Ричарлисон. 

Прекрасен гол постигна Медисон кој од слободен удар во последните мигови од средбата ја запечати победата на тимот од Лондон.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...